Репортерските екипи на АА од терен ќе известуваат за сите настани поврзани со изборите во САД
Станува збор за исклучително важни избори во кои за позицијата нов шеф на државата неизвесна трка водат кандидатката на демократите Камала Харис и нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп
ВАШИНГТОН (АА) – Репортерските екипи на Агенција Анадолу (АА) за корисниците ќе известуваат од терен за претседателските и парламентарните избори во Соединетите Американски Држави (САД) кои започнаа денес.
Американците денеска излегуваат на гласачките места и избираат нов претседател на земјата и членови на Конгресот.
Станува збор за исклучително важни избори во кои за позицијата нов шеф на државата неизвесна трка водат кандидатката на демократите Камала Харис и нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп.
Репортерите и фоторепортерите на Агенција Анадолу (АА) ги следат сите настани поврзани со изборниот процес и ќе известуваат од Вашингтон, Њујорк, Чикаго и Мичиген.
Со оглед на тоа што агенцијата Асошиејтед прес (АП) традиционално ги објавува прелиминарните изборни резултати од 1848 година, Агенција Анадолу (АА) ќе го искористи тој извор и резултатите ќе ги пренесува со соодветна графика, со реакциите и други детали.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.