политика

Состанок на Советот НАТО – Русија в четврток

Станува збор за првиот состанок на амбасадорите на НАТО и Русија во 2017 година

Diyar Güldoğan  | 29.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Состанок на Советот НАТО – Русија в четврток

Ankara

БРИСЕЛ (AA) - Советот НАТО – Русија за првпат оваа година ќе се состане в четврток, во Брисел, во обид да се надминат одредени разлики во ставовите, најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).

„По консултациите со членовите на Советот НАТО – Русија, свикав состанок на ниво на амбасадори“, се наведува во соопштението.

Последниот состанок на Советот е одржан на 19. Декември, во белгиската престолнина, каде што во фокусот беа ситуацијата во Украина и во Авганистан, како и воените активности.

Односите на релација НАТО – Москва се заострени по анексијата на Крим од страна на Русија во март 2014. година.

Кризата на истокот од Украина избувна не долго по крвавите протести во Киев, на кои беше соборен дотогашниот проруски претседател Виктор Јанукович.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın