политика

Ѓукановиќ во официјална посета на Северна Македонија

Пендаровски и Ѓукановиќ одржаa тет-а-тет средба, по што следува и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора

Abdula Berisha  | 02.10.2019 - Обновена : 02.10.2019
Ѓукановиќ во официјална посета на Северна Македонија Фото: Abdula Berisha/АА

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој денес и утре претстојува во официјална посета на Република Северна Македонија, со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Скопје од претседателот Стево Пендаровски, јавува Anadolu Agency (AA).

По официјалната церемонија за пречек организирана на платото пред Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, „Вила Водно“, Пендаровски и Ѓукановиќ одржаa тет-а-тет средба, по што следува и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора.

Според најавеното, двајцата претседатели ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Во рамките на посетата, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е предвидено да се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.