свет, политика

„Бајден го блокираше мировниот договор меѓу Украина и Русија во 2022 година“

- „Украина е жртва на Западот во оваа војна“, нагласи независниот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор, додавајќи дека целта на претседателот Бајден всушност е промена на режимот (во Русија)

Hakan Çopur  | 24.08.2024 - Обновена : 24.08.2024
„Бајден го блокираше мировниот договор меѓу Украина и Русија во 2022 година“

ВАШИНГТОН (АА) - Независниот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор, кој најави дека ќе се повлече од претседателската трка во САД и ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп, тврди дека мировниот договор потпишан меѓу Украина и Русија во 2022 година го блокирал Џо Бајден, известува Анадолу.

Додека трае одбројувањето за претседателските избори закажани за 5 ноември во САД, независниот претседателски кандидат Кенеди на прес-конференција во Феникс објави дека се повлекува од трката и ќе го поддржи Трамп. Во својот говор, Кенеди објасни зошто би го поддржал Трамп и особено ја обвини администрацијата на Бајден за нејзината политика во војната во Украина.

Кенеди тврди дека САД го „провоцирале“ рускиот претседател Владимир Путин и истакна:

„Не ја оправдувам инвазијата на Путин на Украина, тој имаше и други опции. Меѓутоа американските медиуми баш не ја информира американската нација дека ние еднострано се повлековме од двата договори за нуклеарно оружје и поставивме нуклеарни ракетни системи во Романија.“

Објаснувајќи дека војната во Украина започна во 2014 година, Кенеди рече дека САД во тоа време ја соборила демократски избраната влада и на власт донеле име блиско до Западот, по што следеле крвави операции против етничките Руси.

Потенцирајќи дека САД го напуштиле Договорот од Минск во 2019 година, Кенеди рече:

„Во април 2022 година, Бајден го испрати Борис Џонсон (во тоа време премиер на Британија) да го принуди Зеленски да го раскине мировниот договор што веќе го потпиша со Русија. Тој договоро можеше да донесе мир во регионот. Претседателот Бајден всушност со тоа ја покажа својата цел. Целта на војната е промена на режимот (во Русија)“.

Нагласувајќи дека јавно објавените цели на украинската војна немаат никаква врска со националните интереси на САД, Кенеди продолжи со зборовите:

„Украина е жртва на Западот во оваа војна“.

Нагласувајќи дека е многу против САД да влезат во „бескрајни војни“, особено во украинската војна, Кенеди рече дека Трамп е решен да стави крај на оваа војна и додаде: „Трамп вели дека одново ќе ги започне преговорите со Путин за крај на војната штом ќе ја презема функцијата и само тоа за мене е доволно да ја поддржам неговата кампања.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.