„Геноцидот во Газа не заврши, кризата на американскиот народ не е завршена“
- „Извонредна иницијатива претставува „заедничкото писмо“ што Туркије го покрена до Обединетите нации (ОН) заедно со 52 земји, со барање да се запре испораката на оружје за Израел“, изјави Д-р Џил Стејн, кандидатката на Партијата на зелените во САД
ДИРБОРН (АА)
- ИСЛАМ ДОГРУ
Д-р Џил Стејн, кандидатката на Партијата на зелените, која се истакна како 3-та партија на претседателските избори во САД, изјави дека извонредна иницијатива претставува „заедничкото писмо“ што Туркије го покрена до Обединетите нации (ОН) заедно со 52 земји, со барање да се запре испораката на оружје за Израел, известува Анадолу.
За време на изборните активности во сојузната држава Мичиген, Стејн разговараше со новинарот на АА во врска со нејзината кампања и за геноцидот што Израел го спроведува во Газа.
Зборувајќи за точката до која стигнала во кампањата, Стејн рече: „Се чувствувам како да сум победила“ и додаде дека во овој период е спроведена кампања против Партијата на зелените од страна на демократите „со цел за да ја отстранат од гласачкото ливче, да ја замолчат и демонизираат“.
„Во тек е голема кампања на заплашување, но тие не можат да ги потиснат фактите. Вистината е дека Американците сакаат да се стави крај на овој геноцид (во Газа) и дека Американците сакаат влада која ќе работи за нив, а не за воената индустрија, за АИПАК (Американско-израелскиот комитет за односи со јавноста) или за Вол Стрит“, истакна Стејн.
- „Геноцидот не заврши, кризата на американскиот народ не е завршена“
Зборувајќи дека постигнале успех над очекувањата на овие избори, Стејн истакна:
„Ќе продолжиме да се бориме. Геноцидот не заврши, кризата на американскиот народ не е завршена, но започнавме незапирлива коалиција за да го одржиме овој импулс“.
Наведувајќи дека добиле добар импулс на изборите од муслиманското американско население, Стејн рече:
„Ќе бидеме политичка опозиција и ќе бараме нашата влада да го запре геноцидот. Но, дали владата ќе го направи ова? Сѐ уште не сум сигурна во тоа, но мислам дека сме на вистинскиот пат. Мора да продолжиме да се бориме и да градиме“.
Оценувајќи го како „почеток“ Стејн зборувајќи за она што го постигнала Зелената партија.
„Секој глас за нашата кампања е стрела истрелана за да и кажеме на (воената) империја дека сме тука. Не одиме никаде и ќе ве оддалечиме од моќта, затоа што ние, народот, бараме да се стави крај на оваа бескрајна воена машина и на геноцидот што таа го предизвика“, посочи Стејн.
- „Работиме заедно за да ставиме крај на овој геноцид што е можно побрзо“
Џил Стејн го оцени како извонредна иницијатива „заедничкото писмо“ поднесеното до ОН, иницирано од Туркије за подигнување на меѓународната свест за запирање на продажбата на оружје и муниција на Израел.
Нагласувајќи дека Израел се обидува во регионалните конфликти да ги вовлече САД, Стејн рече:
„Затоа, мислам дека како што овој конфликт се шири и интензивира, така и отпорот во земјата ќе се зголеми. Затоа е многу важно да излеземе посилни од овие избори, да продолжиме да се организираме и да работиме заедно“.
Заблагодарувајќи им се на земјите ширум светот кои се спротивставија на геноцидот во Газа и побараа неговото запирање, Стејн рече:
„Многу сум ѝ благодарна на Туркије за улогата ја одигра овде во помошта да се организира и олесни овој отпор. Ви посакувам успех во вашите акции и многу сум ви благодарна за сѐ она што го правите и што работиме заедно за што е можно побрзо да се стави крај на овој геноцид“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.