свет

Авганистан: Меѓународниот аеродром „Хост“ претворен во медицински центар за повредените во земјотресот

Во земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, што во вторникот вечерта ги погоди источните покраини на Авганистан, животот го изгубија 1.150 луѓе, а над 1.600 се повредени

25.06.2022 - Обновена : 27.06.2022
Авганистан: Меѓународниот аеродром „Хост“ претворен во медицински центар за повредените во земјотресот

ХОСТ (АА) - Меѓународниот аеродром „Хост“ во Авганистан е претворен во медицински центар за повредените во земјотресот од регионите Хост и Пактика, јавува Агенција Анадолија (АА).

Хеликоптерите превезуваат повредени граѓани од подрачјата најтешко погодени од земјотресот во Пактика и Хост и доставуваат храна до погодените подрачја.

Во земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, што во вторникот вечерта ги погоди источните покраини на Авганистан, животот го изгубија 1.150 луѓе, а над 1.600 се повредени.

Според податоците на талибанските власти, повеќе од 2.500 куќи се целосно уништени, а стотици се оштетени во покраината Пактика. Пактика и Хост се најтешко погодените авганистански покраини каде што неколку села се целосно уништени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın