Авион на „Американ ерлајнс“ се запали по слетувањето на аеродромот во Денвер
- Авионот „Боинг 737-800“ на летот 1006 полета од аеродромот во Колорадо Спрингс кон Меѓународниот аеродром Далас Форт Ворт, но беше пренасочен кон Денвер откако екипажот пријавил вибрации во моторот

ВАШИНГТОН (АА) - Авион на „Американ ерлајнс“ се запали синоќа на пистата на Меѓународниот аеродром во Денвер, соопшти Федералната администрација за авијација на САД (ФАА), јавува Анадолу.
„Боинг 737-800“ на летот 1006 полета од аеродромот во Колорадо Спрингс кон Меѓународниот аеродром Далас Форт Ворт, но беше пренасочен кон Денвер откако екипажот пријавил вибрации во моторот, соопшти ФАА.
„По слетувањето и движењето по пистата еден од моторите на авионот се запали, по што патниците беа евакуирани со помош на лизгалки“, се вели во соопштението.
Вкупно 172 патници и шест члена на екипажот безбедно го напуштиле авионот и биле пренесени во терминалот, информираа од аеродромот.
ФАА најави дека ќе спроведе истрага за инцидентот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.