свет

Авион од Тел Авив принудно слета во Њујорк поради турбуленции, повредени 7 лица

Боингот 787 превезувал 319 патници во моментот на инцидентот

Gizem Nisa Çebi  | 30.03.2024 - Обновена : 31.03.2024
Авион од Тел Авив принудно слета во Њујорк поради турбуленции, повредени 7 лица

ИСТАНБУЛ (АА) - Лет од Тел Авив, Израел, непланирано слета во Њујорк поради силните ветрови и турбуленција, при што седум патници се здобија со полесни повреди, соопштено е доцна синоќа, јавува Анадолу.

Летот 85 на Јунајтед ерлајнс од Тел Авив се спушти на меѓународниот аеродром Стјуарт во Њујорк, наместо во Њуарк, Њу Џерси, во 18:45 часот по локално време, според аеродромските власти на Њујорк и Њу Џерси.

Повредените патници, кои пријавиле симптоми како гадење, проблеми со движењето и непријатност во градите, биле однесени во блиските болници на евалуација, рече Мајкл Биг, одговорен за итната медицинска помош на Њу Виндзор.

Боингот 787 превезувал 319 патници во моментот на инцидентот, додаде тој.

Авионот подоцна го продолжил своето патување до меѓународниот аеродром Либерти, во Њуарк, соопшти Јунајтед ерлајнс.

Федералната управа за авијација најави дека ќе го истражи инцидентот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.