свет

Амбасадорите на ЕУ одобрија 4,2 милијарди евра за обнова на Украина

„Амбасадорите денес ја одобрија првата транша во рамките на 'Украинскиот план', отворајќи го патот за трансфер од речиси 4,2 милијарди евра за поддршка...“

Merve Berker  | 24.07.2024 - Обновена : 29.07.2024
Амбасадорите на ЕУ одобрија 4,2 милијарди евра за обнова на Украина

АНКАРА (АА) – Амбасадорите на Европската Унија (ЕУ) одобрија исплата на првата транша од околу 4,2 милијарди евра, во рамките на фондот за обезбедување финансиска поддршка за Украина во нејзиното закрепнување, обнова и модернизација, јавува Анадолу.

„Амбасадорите денес ја одобрија првата транша во рамките на 'Украинскиот план', отворајќи го патот за трансфер од речиси 4,2 милијарди евра за поддршка на закрепнувањето, обновата и модернизацијата на Украина“, соопшти унгарското претседателствување со Советот на ЕУ.

Украинската Влада го претстави „Украинскиот план“ во март 2024 година. Планот беше предуслов за добивање средства и во него е претставена визијата на Украина за закрепнување, обнова и модернизација на земјата и реформите планирани како дел од процесот на пристапување во ЕУ.

Во планот се нагласуваат структурните реформи и инвестициите во секторите со најголем потенцијал за раст. Во него се содржани планираните подобрувања во јавната администрација, со акцент на доброто владеење, почитувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и измамата.

Исплатите за Украина од страна на ЕУ ќе бидат извршени под услов да се имплементираат договорените реформи и инвестиции преку квалитативните и квантитативните чекори наведени во соодветната одлука на Советот.

Финансиската поддршка ќе биде достапна под услов Украина да продолжи да ги поддржува и почитува ефективните демократски механизми.

Вкупниот износ од 50 милијарди евра ќе биде обезбеден преку грантови и заеми во периодот од 2024 до 2027 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın