свет

Американски млазен авион стациониран на носач на авиони се урна во море

- Борбен авион „F-18/A“ стациониран на американскиот носач на авиони „Хари Труман“ во Средоземното Море се урна во морето поради силните ветрови

Kasım İleri  | 11.07.2022 - Обновена : 12.07.2022
Американски млазен авион стациониран на носач на авиони се урна во море

ВАШИНГТОН (АА) - Борбен авион „F-18/A“ стациониран на американскиот носач на авиони „Хари Труман“ во Средоземното Море се урна во морето поради силните ветрови, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение од 6-та команда на флотата на американската морнарица, се нагласува дека млазниот авион „F/A-18 Super Hornet“ на 8 јули поради силен ветер и дожд во Медитеранот се урнал во морето од носачот на авиони „Хари Труман“, на кој бил стациониран.

Се нагласува дека инцидентот се случил додека бродот се снабдувал со гориво на море.

Во соопштението се наведува дека е отворена истрага за инцидентот, но не се даваат повеќе детали за настанот.

Носачот на авиони „Труман“ е стационирана во Медитеранот од декември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.