свет

Анкета: Повеќето Германци мислат дека на канцеларот Олаф Шолц му недостасуваат лидерски вештини

Околу 76 отсто од анкетираните рекле дека веруваат оти на канцеларот Шолц му недостасуваат лидерски вештини, а 58 отсто рекле дека не ја врши добро својата работа како шеф на Владата

Ayhan Şimşek  | 15.08.2024 - Обновена : 16.08.2024
Анкета: Повеќето Германци мислат дека на канцеларот Олаф Шолц му недостасуваат лидерски вештини

БЕРЛИН (АА) - Голем број Германци се незадоволни од канцеларот Олаф Шолц и не ја поддржуваат неговата одлука да се кандидира повторно следната година, покажа новата анкета објавена денес, јавува Анадолу.

Околу 76 отсто од анкетираните рекле дека веруваат оти на канцеларот Шолц му недостасуваат лидерски вештини, а 58 отсто рекле дека не ја врши добро својата работа како шеф на Владата.

Социјалдемократскиот политичар се соочува со зголемено незадоволство кај гласачите, при што неговата левичарска либерална коалициска Влада дискутираше за главните политички прашања, вклучително и за социјалните трошоци, енергетските реформи и мерките за заштеда на буџетот.

Дури 67 отсто од анкетираните рекоа дека не ја поддржуваат одлуката на Шолц да се кандидира за втор мандат на следните општи избори во 2025 година. Само 29 отсто од гласачите изразија поддршка за неговата кандидатура.

Меѓу поддржувачите на Социјалдемократската партија (СДП), околу 53 отсто се изјасниле Шолц повторно да се кандидира, а 41 отсто се изјасниле дека се против неговата кандидатура.

Анкетата беше направена од германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ, а беше спроведена од фондацијата „Forschungsgruppe Wahlen“ во период од 12 до 14 август, при што беа испрашани 1.334 луѓе на национално ниво.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın