свет

АП: Доналд Трамп избран за 47. претседател на САД

Трамп ја победи својата ривалка Камала Харис, кандидатката на Демократската партија

Murat Karadağ  | 06.11.2024 - Обновена : 06.11.2024
АП: Доналд Трамп избран за 47. претседател на САД

ВАШИНГТОН (АА) – Агенцијата Асошиетед прес јави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп освоил над 270 гласа на Електорскиот колеџ потребни за победа на претседателските избори 2024 година во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

Трамп ја победи својата ривалка Камала Харис, кандидатката на Демократската партија.

„Освои 277 гласа на Електорскиот колеџ и го обезбеди своето место како 47. претседател на земјата“, наведува АП.

Трамп победи во клучните „свинг“ држави, како Северна Каролина, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин, а победа му донесоа и државите Индијана, Кентаки, Западна Вирџинија, Флорида, Тенеси, Јужна Каролина, Оклахома, Мисисипи, Алабама, Арканзас, Северна Дакота, Јужна Дакота, Вајоминг, Небраска, Луизијана, Охајо, Тексас, Мисури, Јута, Монтана, Канзас, Ајова и Ајдахо.

АП објави дека Трамп освоил близу 71 милион гласови во 45 од 50 американски сојузни држави, додека Харис добила 66,1 милиони гласови. Трамп и процентуално освои 51 отсто од гласовите на федерално ниво.

Трамп им се заблагодари на Американците за извонредната чест да биде избран за нивен 47. претседател на САД.

Трамп победи во 27 сојузни држави, а Харис победи во 18 држави и во Вашингтон.

„Ова е величествена победа за американскиот народ што ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“, рече Трамп.

Со победата Трамп ќе биде втор претседател на САД што служел без последователни мандати во Белата куќа, по Гровер Кливленд, кој беше на функцијата два одделни мандата во доцните 1800-ти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.