свет

Арктичка бура досега одзеде најмалку 49 животи во САД, откажани илјадници летови

- Снежната бура влијаеше на околу 60 отсто од жителите на САД

Ekip  | 27.12.2022 - Обновена : 28.12.2022
Арктичка бура досега одзеде најмалку 49 животи во САД, откажани илјадници летови Фото: Фатих Акташ / АА

ДЕТРОИТ - Арктичка зимска бура, која го зафати поголемиот дел од централните и северните делови на САД, досега одзеде најмалку 48 животи, а подрачјата се покриени со рекордна снежна прекривка, известува Агенција Анадолија (АА).

„Сезоната Божиќ 2022 година донесе снежна бура од која 60 отсто од населението на САД се соочуваат со некакви зимски проблеми, како и екстремно ниски температури и услови“, објавија Fox News и CNN.

Снегот зафати поголем дел од земјата, и тоа од Апалачките планини до јужната граница со Мексико.

Американците поради стравот од обилни врнежи од снег ги испразнија рафтовите во маркетите и тезгите на пазарите. Според локални извори, имало и грабежи во супермаркетите.

Најмалку 27 лица починаа во округот Ири, во сојузната држава Њујорк, како резултат на големата снежна бура која изминатите денови го зафати поголемиот дел од САД, соопштија официјални лица од округот.

Милиони луѓе во САД останаа без електрична струја поради снежната бура. Марк Полонкарц, официјален претставник на округот Ири во американската сојузна држава Њујорк, изјави дека 94 отсто од куќите и работните места во округот се без струја.

„Ова е ужасна ситуација“, рече Полонкарц.

Некои жители на градот Бафало, заглавени од снежната бура, Божиќ го прославиле во противпожарните центри.

Службите за брза помош во повеќе градови, од Мејн до Сиетл, спречени се да ја извршуваат својата работа поради ниските темпратури, големите снежни наноси и затрупаните возила. Во повеќе сојузни држави дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Аеродроите се затворени, а Бафало, Денвер и Детроит се само некои од големите градови во кои авио-летовите се откажани.

Интернет страницата „FlightAware“ која ги следи секојдневните доцнења и откажувања на авио-летовите, објави дека на Божиќ се откажани 4.937 летови, а доцнеле 16.869 летови. Вчера регистрирано е откажување на 4.190летови и 13.047 доцнења на летови.

Националната метеоролошка служба најави дека временските услови би требало да се подобрат од денес.


- Минатата недела беше дадено предупредување за влошување на временската состојба

На 21 декември, националните и локалните агенции за информирање на временската состојба предупредија на големи студови и снежни услови што се случуваат „еднаш во генерација“.

Националната служба за метеорологија (NOAA) објави дека во некои делови од земјата се приближуваат ладни временски услови какви немало во последните 40 години.

Службата за метеорологија истакна дека „обилни врнежи од снег можат да го отежнат или оневозможат патувањето и можат да бидат опасни по живот“.

Поради невремето, приземјата на некои болници и деловни објекти на брегот на Њу Џерси со поглед кон Менхетн беа поплавени од реката Хадсон.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın