свет

Безбедносните сили во Холандија се вознемирени од интервенцијата на Израел врз политиката на земјата

- Весникот „Де Волкскрант“, еден од водечките медиуми на Холандија, објави дека Израел испратил „специјален извештај“ до пратениците пред парламентарната седница во врска со насилството што го иницираа навивачите на Макаби во Амстердам

Selman Aksünger  | 16.11.2024 - Обновена : 16.11.2024
Безбедносните сили во Холандија се вознемирени од интервенцијата на Израел врз политиката на земјата

АМСТЕРДАМ (АА) - Весникот „Де Волкскрант“, еден од водечките медиуми на Холандија, објави дека Израел испратил „специјален извештај“ до пратениците пред парламентарната седница во врска со насилството што го иницираа навивачите на Макаби во Амстердам, известува Анадолу.

„Де Волкскрант“ објави дека во израелскиот „специјален извештај“ се посочува дека холандските организации вклучени во настаните се поврзани со Хамас, а високи извори од безбедносните единици на Холандија изјавиле дека израелската интервенција врз холандската политика „е непожелна ситуација“.

Во веста се наведува дека Каролин ван дер Плас, претседателка на парламентарната група на партијата БББ, помалиот партнер на владината коалиција, на парламентарната седница зборувала за овие наводи и му поставила прашање на премиерот Дик Шуф.

Холандскиот министер за правда и безбедност, Дејвид ван Вел, го потврдил постоењето на споменатиот извештај, а во продолжение на веста се потсетува дека заменикот на Реформирана политичка партија, Крис Стофер, го искористил извештајот на Израел кој холандските организации ги вбројува како про-Хамас, и предложил истите да се стават на листата на санкции и да бидат прогласени за терористички организации.

Израелскиот министер за дијаспора и антисемитизам Амихаи Чикли, како што се вели во веста, за весникот „Де Телеграф“ изјавил:

„Оваа терористичка мрежа мора да биде уништена. Холандските власти мора да преземат правни и економски мерки против криминалците, а релевантните лица мора да бидат депортирани, како што предложи Герт Вилдерс.“


- Министерствата се вознемирени од интервенцијата

Додека во веста се наведува дека голем број извори од холандските министерства кои дејствуваат на полето на безбедноста ја оцениле „несакана интервенција“ на Израел врз холандската политика, два извори на високо ниво, кои сакаа да останат анонимни поради произраелскиот став на владата, изјавија дека предметниот извештај предизвикал загриженост на највисоко бирократско ниво.

Наведувајќи дека голем број извори од министерствата кои дејстуваат во областа на безбедноста наведуваат дека станува збор за „несакана интервенција“ од страна на Израел врз холандската политика, сепак во веста се вели дека два високи функционери, кои побарале да останат анонимни поради произраелскиот став на владата, изјавиле дека пратениот извештај предизвикал загриженост на највисоко бирократско ниво.

Во веста беше наведено дека портпаролот на Министерството за внатрешни работи ги оставил прашањата за спомнатата израелска интервенција без одговор, додека портпаролот на Национална координација за борба против тероризмот и безбедноста (NCTV) изјавил дека го разгледале извештајот на Израел и засега не сакаат да ја коментираат содржината.

Експертот за безбедност од институтот Клингендал, Коен Артсма, во веста го даде коментарот:

„Треба да се биде внимателен во врска со ваквите извештаи кои се чини дека се набрзина подготвени и доаѓаат од извор кој не е непристрасен“, додека амбасадорот на Израел во Холандија, Моди Ефрем, изјави: „Улогата на Министерството е да открие и да се бори против антисемитизмот. Тие го направија тоа со овој извештај. Целосно ја поддржуваме истрагата во Холандија“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın