свет

Без напредок на преговорите во Каиро за прекин на огнот во Газа и размена на затворениците

- Деталите не се познати, а Хамас го отфрли предлогот, велејќи дека тој е во согласност со условите на Нетанјаху, бидејќи Израел инсистира на продолжување на окупацијата Нецарим, на преминот Рафа и на коридорот Филаделфија (на југ).

Ikrame Imane Kouachi  | 23.08.2024 - Обновена : 24.08.2024
Без напредок на преговорите во Каиро за прекин на огнот во Газа и размена на затворениците

АНКАРА (АА) - Вчерашните преговори меѓу египетските и израелските делегации во Каиро, што се водеа со цел да се воведе прекин на огнот во Газа и да се направи договор за размена на затвореници со Хамас, не успеаја, објавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Израелската јавна радиодифузна корпорација соопшти дека преговорите „не постигнале напредок“, оставајќи ја ситуацијата во застој.

Преговорите во Катар за прекин на огнот во Газа завршија на 16 август со презентирање на „предлог што го намалува јазот“ меѓу Израел и Хамас, кој е во согласност со принципите наведени од американскиот претседател Џо Бајден на 31 мај.

Деталите не се познати, а Хамас го отфрли предлогот, велејќи дека тој е во согласност со новите услови на Нетанјаху, бидејќи Израел сега инсистира на продолжување на окупацијата на раскрсницата Нецарим (која го дели северот и југот на Појасот Газа), на преминот Рафа и на коридорот Филаделфија (на југ).

Со месеци Соединетите Американски Држави (САД), Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор меѓу Израел и Хамас за да обезбедат размена на затвореници и прекин на огнот и да дозволат хуманитарна помош да влезе во Газа.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Во израелската офанзива оттогаш се убиени над 40.200 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 92.000 лица, објавија локалните здравствени власти.

По повеќе од 10 месеци од почетокот на израелски напади, огромни делови од Појасот Газа се наоѓаат во урнатини, со разорена и уништена инфраструктура на палестинската енклавата, принудувајќи го населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, што предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın