свет

Белгиец добил сметка за струја од 1,3 милиони евра

- Мислев дека халуцинирам, рекол Белгиецот кој се јавил во електростопанството и упатил жалба за неверојатната сума

Ömer Tuğrul Çam  | 24.05.2023 - Обновена : 25.05.2023
Белгиец добил сметка за струја од 1,3 милиони евра

БРИСЕЛ (АА) - Електростопанството на Белгија по грешка на едно домаќинство во градот Херсеаукс му доставило сметка за струја во висина од 1,3 милиони евра, пренесува Анадолу.

Локалните медиуми информираат дека станува збор за сметка за струја од 1.279.611 евра.

„Кога го отворив пликот и ја видов сметката, помислив дека халуцинирам. Морав сметката да ја прочитам трипати“, рече Белгиецот кој ја доби спорната сметка.

Истакнувајќи дека веднаш се јавил во компанијата за енергетика „Енгие“, Белгиецот рекол дека некое време не можел да добие информации, но подоцна било утврдено дека таква сметка му е пратена поради грешка во системот.

Погрешната фактура е исправена набргу потоа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın