Вадуц, главниот град на Лихтенштајн со само 5.000 жители во подножјето на Алпите
Лихтенштајн се наоѓа помеѓу Швајцарија и Австрија и е една од најмалите земји во светот со население од 38.000 жители
ВАДУЦ (АА) - АБДУЛАХ ДОГАН -
Вадуц, главниот град на централноевропската земја Лихтенштајн, со 5 илјади жители, го привлекува вниманието со историските градби, а се наоѓа во подножјето на Алпите.
Лихтенштајн се наоѓа помеѓу Швајцарија и Австрија и е една од најмалите земји во светот со население од 38.000 жители.
Вадуц, главниот град со 5.000 жители, е управуван од уставна монархија, официјален јазик е германскиот, а се карактеризира со високиот животен стандард.
Главниот град се наоѓа во подножјето на Алпите, а се одликува со спокојството што го има на улиците и авениите. Во градот велосипедите се користат често, и нема голем број кафулиња и ресторани.
Катедралата Вадуц, изградена во 1874 година, привлекува внимание со својата архитектонска градба, и е една од честите дестинации на посетителите.
Замокот Вадуц изграден во 12 век се користел како резиденција од страна на принцот. За националните празници отворен е за посетителите.
Мостот Стара Рајна, кој е една од најинтересните градби во градот изграден на реката Рајна, се користи од 1871 година.
Мостот детално е реновиран во раните 1900-ти откако бил оштетен во поплавите. Околу 70 години по неговото реновирање овозможувал патен транспорт.
Покриениот дрвен мост со ширина од 4 метри и должина од 129 метри овозможувал минување на возила тешки 6 тони, а сега веќе служи само за коњаници, велосипедисти и пешаци.
Мостот ги поврзува Вадуц и швајцарската населба Зевелен. Границата помеѓу двете земји се наоѓа на средината на мостот. Границата се минува со еден чекор.
Туристите кои минуваат низ мостот се фотографираат под таблите со називите на двете земји.