свет

Воените капацитети на Русија и Украина

Додека воените аналитичари се согласуваат дека украинската војска е посилна и поспремна во однос на 2014 година, вниманието го привлекува опсегот на рускиот воен инвентар

Emre Gürkan Abay  | 24.02.2022 - Обновена : 25.02.2022
Воените капацитети на Русија и Украина

МОСКВА 


По руската воена интервенција во Украина, важно е да се обрне внимание на воените капацитети на двете држави.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека Русија покрена специјална воена операција во Донбас, на истокот на Украина.

Агенција Анадолија (АА) собра податоци за моменталните капацитети на руската и украинската војска врз основа на податоците на „Глобал фаер пауер“ (GlobalFirepower GFP), портал кој подготвува аналитички бази на податоци за воените сили на земјите во светот, како и од достапните извори во Русија и Украина.

Додека воените аналитичари се согласуваат дека украинската војска е посилна и поспремна во однос на 2014 година, вниманието го привлекува опсегот на рускиот воен инвентар.

Односот на воените расходи на Украина и нејзиниот бруто-домашен производ изнесувал 4,1 отсто во 2021 година, односно 5,9 милијарди долари.

Од друга страна, односот на руските воени расходи и бруто-домашниот производ во 2021 година изнесувал 4,3 отсто или 61,7 милијарди долари.


‒ Русија има значајна супериорност во воздух и на копно

Додека руската војска има 850.000 активни воени лица, 250.000 резервен персонал и 200.000 паравоени сили, украинската војска располага со 250.000 активни воени лица, 250.000 резервен персонал и 50.000 паравоени сили.

Што се однесува до копнените сили, Русија има предност во однос на Украина. Русија поседува 12.420 тенка, 30.122 оклопни возила, 6.574 самоодна артилерија, 7.571 влечна артилерија и 3.391 мобилен ракетен фрлач. Украина, од друга страна, има 2.596 тенка и 12.303 оклопни возила.

Руското воено воздухопловство има 772 воени авиони, 739 јуришни авиони и повеќе од 2.000 хеликоптери, додека Украина има 69 воени авиони, 29 јуришни авиони и околу 60 хеликоптери.

Поседувајќи еден авион носач, 15 брода разурнувачи, 70 подморници и 11 фрегати, Русија, исто така има супериорност и во оваа област над Украина, која нема бродови разурнувачи ниту подморници, туку само една фрегата.

Уште еден важен фактор, кој руските претставници особено го нагласуваат, е бројот на нуклеарни боеви глави кои ги поседуваат. Се проценува дека во рускиот нуклеарен арсенал се наоѓаат 4.490 боеви глави, од кои 1.600 ќе бидат распоредени на балистички ракети и стратешки бомбардери.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.