свет

Во земјотресот во Индонезија загинаа 436 лица

Гласноговорникот на Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, потврди дека бројот на мртвите е зголемен на 436 лица.

Mahmut Atanur  | 13.08.2018 - Обновена : 15.08.2018
Во земјотресот во Индонезија загинаа 436 лица

Jakarta Raya

ЏАКАРТА (AA) - Во земјотресот со јачина од 7 степени, што во неделата го погоди островот Ломбок, во Индонезија, загинаа најмалку 436 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гласноговорникот на Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, потврди дека бројот на мртвите е зголемен на 436 лица.

„По разорниот земјотрес“, нагласи Нугрохо, „забележани се 543 последователни потреси“.

Се претпоставува дека материјалната штета предизвикана од земјотресот изнесува околу 342 милиони долари.

Тој во саботата соопшти дека во земјотресот се оштетени 67.875 куќи, 468 училишта, 6 мостови, 15 џамии, 50 месџиди, 3 болници, 10 клиники и 20 канцелариски згради.

Ломбок на 29 јули го погоди земјотрес со јачина од 6,4 степени. Загинаа 16 лица. Истото подрачје на 5 август го погоди нов земјотрес со јачина од 7 степени, додека во четвртокот беше погоден од уште еден земјотрес со јачина од 6,2 степени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın