свет

Во израелските напади во Газа убиени уште 69 Палестинци, од октомври речиси 40.100

Од 7 октомври досега во израелските напади во Газа повредени се 92.537 Палестинци

Ikrame Imane Kouachi  | 17.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Во израелските напади во Газа убиени уште 69 Палестинци, од октомври речиси 40.100

ГАЗА (АА) - Израелската војска уби уште 69 Палестинци во Појасот Газа, објави денес Министерството за здравство во палестинската енклава, јавува Анадолу.

Од 7 октомври досега во израелските напади во Газа загинаа 40.074 Палестинци, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму наведоа дека уште 92.537 лица се ранети во израелските напади.

„Израелските сили убија 69 луѓе и ранија 136 во пет масакри на семејства во последните 48 часа. Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, соопшти Министерството.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Појасот Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Повеќе од десет месеци од почетокот на израелската војна, големи делови од Појасот Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın