свет

Во израелски бомбардирања денес врз Појасот Газа убиени се најмалку 96 Палестинци

– Се наведува дека најмалку 72 лица се убиени во нападите во Беит Лахија, на северот, додека 24 Палестинци се убиени во централниот дел на Газа

Ikrame Imane Kouachi  | 17.11.2024 - Обновена : 17.11.2024
Во израелски бомбардирања денес врз Појасот Газа убиени се најмалку 96 Палестинци

ГАЗА (АА) - Најмалку 96 Палестинци се убиени, 60 се повредени, а 15 се исчезнати во денешните израелски бомбардирања врз северниот и централниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските власти, пренесува Анадолу.

Канцеларијата за медиуми на владата на Газа соопшти дека израелските авиони гаѓале неколку станбени згради и домови во Беит Лахија на северот од енклавата, како и во бегалските кампови Нусејрат и Бурејџ во централна Газа.

Најмалку 72 лица се убиени во нападите врз Беит Лахија, додека 24 Палестинци беа убиени во централниот дел на Газа.

„Окупаторската армија беше свесна дека во овие згради има десетици раселени цивили, а повеќето од нив се деца и жени“, се додава во соопштението.

Медицински извор претходно за Анадолу изјави дека израелски воени авиони денес бомбардирале петкатница во областа Беит Лахија, убивајќи околу 50 луѓе, а некои останале заробени под урнатините.

Очевидци изјавија дека повеќе од 70 раселени цивили биле засолнети во зградата.

Израелски воени авиони бомбардираа и куќа во истото подрачје. Во нападот убиени се 15 Палестинци, а неколкумина се повредени, изјави друг медицински извор.

Уште двајца Палестинци се убиени кога израелски воени авиони погодија друг станбен објект во Беит Лахија, додаде истиот извор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın