Во израелски напади низ Појасот Газа убиени уште 19 Палестинци, меѓу кои и деца
Според медицински извори и изјави на очевидци, израелските воздушни напади таргетирале домови, шатори на раселени и групи цивили во различни делови на Газа

ГАЗА/АНКАРА (АА) - Најмалку 19 Палестинци се убиени, меѓу кои и деца, во израелските воздушни напади низ Појасот Газа во текот на денешниот ден, а израелската армија ја продолжува својата геноцидна кампања во палестинската енклава, јавува Анадолу.
Според медицински извори и изјави на очевидци, израелските воздушни напади таргетирале домови, шатори на раселени и групи цивили во различни делови на Газа.
Во градот Кан Јунис, во три израелски воздушни напади убиени се 11 Палестинци.
Во првиот напад погоден е шатор во кој се сместени раселените членови на семејството Кади во областа Маваси, при што убиени се пет лица.
Вториот напад е извршен врз шатор на семејството Абу Нада во истата област, при што убиени се четири лица, меѓу кои две деца, според медицински извори.
Третиот напад погоди дом на семејството Абу Шнаила, при што убиени се двајца Палестинци, а повредени се неколку други, главно жени и деца, се вели во соопштението на цивилната одбрана.
Очевидци истакнаа и дека армиски возила отвориле оган источно од областа Ал-Карара во Кан Јунис.
Во градот Рафа, израелската артилерија продолжила да ги бомбардира источните и западните делови, а исто така уривала и станбени згради во овие региони, според очевидци.
Во централниот дел на Појасот Газа, двајца Палестинци се убиени во два израелски воздушни напади врз Деир ал-Балах и кампот Ал-Бурејџ, според медицински извори.
Во градот Газа, медицински извор ја потврди смртта на двајца Палестинци и истакна дека повредени се четири лица во израелски воздушен напад врз шатор во кој се сместени раселените луѓе во близина на улицата Абу Хасира, до пристаништето во Газа.
Во северниот дел на Газа во израелски напад врз подрачјето на Ал-Ататра, западно од Беит Лахија, убиени се четворица Палестинци, истакнаа медицински извори.
Над 51.000 Палестинци се убиени во Газа во бруталната израелска офанзива од октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.