свет

Во израелски напад на јужниот дел на Појасот Газа се убиени 9 Палестинци

- Израелската армија бомбардираше куќа во областа Мусабах, северно од Рафа, и друга во подрачјето на Хан Јунис.

Ikrame Imane Kouachi  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
Во израелски напад на јужниот дел на Појасот Газа се убиени 9 Палестинци

АНКАРА (АА) - Најмалку 9 Палестинци се убиени, а неколкумина се ранети денес во израелски напад во јужниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Медицински извори во болницата Насер во Хан Јунис соопштија дека примиле девет Палестинци кои биле убиени во израелското бомбардирање на две куќи во јужниот дел на Појасот Газа.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија бомбардирала една куќа во областа Мусабах, северно од Рафа, и друга во Хан Јунис.

Израел уби повеќе од 39.000 Палестинци, главно жени и деца, во континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници на Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Покрај сѐ поголемиот број жртви, воената кампања поголемиот дел од енклавата во кој живеат 2,3 милиони Палестинци го претвори во урнатини, оставајќи ги повеќето цивили без покрив над главата ı предизвикувајќи притоа акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın