Во Истанбул утре се одржува квадрилатерален самит за Сирија
Главни теми на квадрилатералниот самит ќе бидат обезбедување на постигнатото примирје во сирискиот град Идлиб и барање политичко решение за кризата во Сирија.
Ankara
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул утре ќе биде одржан квадрилатерален самит за Сирија. Домаќин на самитот е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а ќе учествуваат и рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Главни теми на квадрилатералниот самит ќе бидат обезбедување на постигнатото примирје во сирискиот град Идлиб и барање политичко решение за кризата во Сирија.
Планирано е на самитот да се разговара и за усогласување на заедничките напори за решавање на состојбата на терен, договорот за Идлиб и политичкиот процес, како и за сите аспекти на сирискиот судир и пронаоѓање трајно решение за судирите.
На завршницата од самитот се очекува и усвојување заедничка изјава на лидерите учесници на самитот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.