свет

Во Истанбул фатени 353 нерегуларни мигранти

За време на рациите, екипите ги провериле документите на 1.433 странски државјани, при што биле приведени 353 лица за кои било утврдено дека се нерегуларни мигранти

Muhammed Gencebay Gür, Servet Günerigök  | 05.07.2023 - Обновена : 06.07.2023
Во Истанбул фатени 353 нерегуларни мигранти

ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во турската метропола Истанбул приведе 353 нерегуларни мигранти во неколку рации спроведени во 10 подрачја, јавува Анадолу.

Рациите се извршени во Ускудар, Кучукчекмеџе, Бејкоз, Сариер, Бакирќој, Есенлер, Кагитане, Бахчелиевлер, Умраније и Гунгорен.

Тие беа спроведени од Дирекцијата за борба против трговија со мигранти и гранични премини на Полициската управа на Истанбул, подружницата на поморското пристаниште и окружните полициски оддели.

Во рамките на операцијата, детално се прегледани и 26 туристички чамци.

За време на рациите, екипите ги провериле документите на 1.433 странски државјани, при што биле приведени 353 лица за кои било утврдено дека се нерегуларни мигранти.

По потребните процедури, мигрантите ќе бидат предадени во центарот за миграции на областа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.