Во Полска започна состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ
Шефот на полската дипломатија, Збигњев Рау, ги пречека своите колеги во својство на претседавач на ОБСЕ
ЛОЃ (АА) - Во полскиот град Лоѓ започна состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во рамки на претседавањето на Полска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конференцијата која се одржува во градот Лоѓ, на 140 километри од полскиот главен град Варшава, ќе трае два дена.
Шефот на полската дипломатија, Збигњев Рау, ги пречека своите колеги во својство на претседавач на ОБСЕ.
На состанокот присуствуваат и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, како и други министри за надворешни работи на земјите членки.
Турскиот министер Чавушоглу оствари одвоени билатерални средби со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов и со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.