Во Појасот Газа откриени уште пет гробници од римскиот период
Археолозите работат на римски гробишта стари 2.000 години откриени во Газа. Станува збор за површина од околу 4.000 квадратни метри

ГАЗА (АА) - Археолозите во Газа пронајдоа уште пет гробници од римскиот период, јавува Анадолу.
Џамал Абу Рајде, генерален директор за антиквитети и културно наследство во палестинското Министерство за туризам и антиквитети во Газа, рече дека досега биле пронајдени вкупно 130 гробници од римскиот период.
Минатата година пронајдени се 125 гробници.
Археолозите работат на римски гробишта стари 2.000 години откриени во Газа. Станува збор за површина од околу 4.000 квадратни метри.
Газа е еден од важните градови на античкиот свет.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.