свет

Во Торонто измерена рекордна температура, највисока во последните 78 години

Канадската метеоролошка служба соопшти дека измерена е температура на воздухот од 32,1 Целзиусов степен во мерењата направени на Меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто

Seyit Aydoğan  | 01.06.2022 - Обновена : 02.06.2022
Во Торонто измерена рекордна температура, највисока во последните 78 години

ТОРОНТО (АА) – Во градот Торонто, Канада, измерена е рекордно висока температура, највисока во последните 78 години во овој период на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на канадската метеоролошка служба се истакнува дека измерена е температурата на воздухот од 32,1 Целзиусов степен во мерењата направени на Меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто.

Исто така, се наведува дека температурата го надминала 31,1 Целзиусов степен, кој беше регистриран како рекорден за овој период од годината во 1944 година.

Упатен е и повик до граѓаните да не бидат директно изложени на сончевите зраци.

Меѓу другото, во соопштението се препорачува консумирање многу вода и се предупредува дека екстремната жештина може да претставува ризик, особено за старите лица, бебињата, децата и лицата со хронични заболувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.