Во Хаг започна јавната расправа за обврските на Израел во окупираните палестински територии
Се очекува претставници од 40 земји и четири меѓународни организации усно да говорат за време на постапката

ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг започна јавната расправа за испитување на обврските на Израел во врска со неговите активности на окупираните палестински територии, јавува Анадолу.
Расправата се однесува на барањето за советодавно мислење за „обврските на Израел во врска со присуството и активностите на Обединетите нации, другите меѓународни организации и трети држави и во однос на окупираните палестински територии“, соопшти судот претходно.
Се очекува претставници од 40 земји и четири меѓународни организации усно да говорат за време на постапката.
Меѓу земјите учеснички се Туркије, Малезија, Јужноафриканската Република, Кина, Русија, Шпанија, Ирска, Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Египет.
Клучни организации како Обединетите нации, Организацијата за исламска соработка и Арапската лига исто така ќе дадат свој придонес.
Расправата се одржува во Палатата на мирот, седиштето на МСП, и е отворена за јавноста.
Иако Израел поднесе писмено излагање, нема да учествува со усно излагање за време на оваа расправа.
Израел воедно се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за војната во Појасот Газа, во која од октомври 2023 година досега убиени се повеќе од 52.000 Палестинци, а голем дел од Газа е разрушена.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.