Вулканот Етна во Италија исфрла лава и пепел
Пепелта што ја исфрла вулканот Етна достигна висина од околу 4,5 километри и се движи кон југоисток

РИМ (АА) - Етна, еден од најактивните вулкани на југот на Италија, вчера еруптираше и исфрла лава и пепел, пренесува Анадолу.
Во последните неколку дена забележана е активност на вулканот Етна, кој се наоѓа на островот Сицилија, на надморска височина од околу 3.300 метри, објавија националните медиуми.
Активноста е особено забележана во кратерот на вулканот наречен Ворагине. Лавата и пепелта почнале силно да излегуваат од овој кратер. Притоа настанал проток на лава од кратерот Ворагине кон друг кратер, наречен Нов кратер.
Според процените на регионалната канцеларија на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (НИГВ) во Катанија, пепелта што ја исфрли Етна достигнала височина од околу 4,5 километри и се движи кон југоисток.
НИГВ објави „црвено“ предупредување за авионите што минуваат низ регионот поради облакот од пепел. Министерството за цивилна одбрана поврзано со Канцеларијата на премиерот издаде „жолт“ код на предупредување поради вулканската активност на планината Етна.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.