свет

Вулканот Килауеа на Хаваи повторно еруптираше, 18-ти пат по ред од декември

Ова е 18-та ерупција на Килауеа од 23 декември 2024 година наваму, што го потврдува неговиот статус како еден од најчесто активните вулкани на Земјата

Aida Cako  | 23.04.2025 - Обновена : 24.04.2025
Вулканот Килауеа на Хаваи повторно еруптираше, 18-ти пат по ред од декември

СКОПЈЕ (АА) - Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа на Хаваи, повторно еруптираше вчера, соопшти Хавајската опсерваторија за вулкани, пренесува Анадолу.

Ова е 18-та ерупција на Килауеа од 23 декември 2024 година наваму, што го потврдува неговиот статус како еден од најчесто активните вулкани на Земјата.

Според податоците на Геолошкиот институт на САД, вулканот и натаму е во портокалово ниво на предупредување, што укажува дека ерупцијата е активна и постои потенцијал за засилување на вулканската активност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın