свет

Гана: 56-годишна жена роди близнаци

- Викторија Адоргу, 56-годишна жена, роди близнаци во Акра, главниот град на Гана

Adam Abu-bashal  | 21.03.2022 - Обновена : 22.03.2022
Гана: 56-годишна жена роди близнаци Фото: Илустрација / АА

АБУЏА (АА) - Викторија Адоргу, 56-годишна жена, роди близнаци во Акра, главниот град на Гана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на локалните медиуми, Адогру, која долги години сакала да има деца, станала мајка и покрај нејзината возраст.

Во изјавата по породувањето, Адоргу нагласи дека никогаш не се откажала од надежта дека ќе има дете.

„Долги години ме исмејуваа и ме караа што немам дете, но денес имам деца кои ќе ме викаат ‘мамо‘. Му благодарам на Бога“, рече таа.

Адоргу им ги дала на децата имињата „Miracle“ и „Miraculousness“, што значат „чудо“ и „чудотворство“.

Се наведува дека здравствената состојба на мајката и на бебињата родени со метод на ин витро оплодување е добра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın