свет

Германија го повика Израел да се воздржи од воена офанзива на Западниот Брег слична на онаа во Газа

„Некои во израелската Влада тврдат дека зајакнувањето на палестинската управа значи наградување на тероризмот. Но, како ЕУ, Германија, се обидуваме да ја зајакнеме палестинската власт.“

Ayhan Şimşek  | 06.09.2024 - Обновена : 08.09.2024
Германија го повика Израел да се воздржи од воена офанзива на Западниот Брег слична на онаа во Газа


БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја повика израелската Влада да се воздржи од воена офанзива во Западниот Брег слична на онаа од Газа, предупредувајќи дека тоа ќе ја поткопа израелската безбедност, јавува Анадолу.

„Некои членови на израелската Влада бараат воена офанзива на Западниот Брег слична на онаа во Газа, токму тоа сериозно би ја загрозило безбедноста на Израел“, изјави Баербок за новинарите во Тел Авив, по средбата со нејзиниот израелски колега Израел Кац.

Таа ги критикуваше изјавите на министрите на десницата на Израел, нивните повици за соборување на палестинската управа и плановите за изградба на нови населби на окупираните палестински територии.

„Некои во израелската Влада тврдат дека зајакнувањето на палестинската управа значи наградување на тероризмот. Но, како ЕУ, Германија, се обидуваме да ја зајакнеме палестинската власт. Тоа е токму она што го правиме“, рече Баербок.

„Го правиме ова затоа што сме длабоко убедени дека само со веродостојни чекори кон палестинска држава, со реформирање и зајакнување на палестинската управа, може да се обезбеди Израел и тероризмот може да биде победен“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.