свет

Германија заплени јахта во вредност од 600 милиони долари на руски милијардер роден во Узбекистан

Властите во покраината Хамбург ја конфискувале јахтата на Усманов долга 156 метри во пристаништето Хамбург

Bahattin Gönültaş  | 03.03.2022 - Обновена : 04.03.2022
Германија заплени јахта во вредност од 600 милиони долари на руски милијардер роден во Узбекистан

БЕРЛИН (АА) – Во рамките на санкциите воведени од Европската Унија поради руската инвазија на Украина, германските власти запленија јахта во вредност од 600 милиони долари на Алишер Усманов, рускиот милијардер роден во Узбекистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста во германските медиуми, властите во покраината Хамбург ја конфискувале јахтата на Усманов долга 156 метри во пристаништето Хамбург.

Моторната јахта се смета за најголема во светот во бруто-тонажа. Јахтата се наоѓа во бродоградилиштето на германската бродоградбена и инженерска компанија „Блом + Вос“ од октомври 2021 година.

Во вестите се наведува дека Усманов ја купил јахтата „Дилбар“ од германскиот производител на луксузни јахти „Лирсен“ за 600 милиони долари во 2016 година.

Јахтата има 65 кабини и може да прими 40 патници и 80 члена на екипажот. Покрај големиот базен, јахтата има и два хелиодрома и сауна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.