Германија: Маж фрли торба бегајќи од полицијата, во која е пронајден експлозив
Инцидентот се случи вчера попладне на метро-станицата Нојколн во Берлин, каде осомничениот маж избегал преку шините кога полицајците се обиделе да го запрат за проверка на лична карта
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција утрово ја прошири потрагата по осомничениот што побегнал од рутинска проверка на лична карта на железничката станица во Берлин, оставајќи торба со експлозив, јавува Анадолу.
Инцидентот се случил вчера попладне на метро-станицата Нојколн, кога осомничениот маж избегал преку шините кога полицајците се обиделе да го запрат за проверка на лична карта, се вели во соопштението на берлинската полиција.
Според полицијата, во торбата што ја оставил осомничениот имало високо експлозивна материја. Локалните медиуми објавија дека експлозивот бил триацетон трипероксид (TATP). Експертите за демонтирање бомби внимателно ја пренеле во блискиот парк, каде што безбедно е детонирана.
Инспекторите откриле и полска лична карта на местото на настанот што му припаѓала на 30-годишен маж. Сепак, полицијата извести дека овој документ бил пријавен како украден или присвоен од јануари 2022 година.
Првичната анализа на снимката од надзорните камери укажува дека бегалецот не личи на лицето на сликата на личната карта, објави јавната телевизија РББ, повикувајќи се на полициски извори.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.