свет

Бангладеш: Во големиот пожар што избувна во склад за контејнери загинаа 49 лица

Како што наведува НДТВ (NDTV), во складот со контејнери преполни со хемикалии во Читагонг, оддалечен 216 километри од Дака, главниот град на Бангладеш, настанала експлозија од засега неутврдени причини

Ekip  | 05.06.2022 - Обновена : 06.06.2022
Бангладеш: Во големиот пожар што избувна во склад за контејнери загинаа 49 лица

ДАКА (АА) - Најмалку 49 лица загинаа во разорниот пожар што избувна синоќа околу 23 часот по локално време во пристанишниот град Читагонг, во југоисточниот дел на Бангладеш, известува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува НДТВ (NDTV), во складот со контејнери преполни со хемикалии во Читагонг, оддалечен 216 километри од Дака, главниот град на Бангладеш, настанала експлозија од засега неутврдени причини.

Најмалку 49 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во пожарот што избувнал како последица на експлозија

„Според првичните информации од истрагата, експлозијата е предизвикана од хемиска реакција“, рече Нурал Алам, официјален претставник на полицијата.

Возачот на камион, Тофаел Ахмед, се здобил со повреди од експлозијата.

„Експлозијата ме отфрли околу 10 метри од местото каде што се наоѓав и огнот ми ги зафати рацете и нозете“, рече Ахмед.

Началникот на Цивилната заштита и пожарникарските бригади во Бангладеш, Маин Удин, изјави дела пожарникарите учествувале во гаснењето на пожарот и додаде дека меѓу загинатите има најмалку петмина пожарникари.

Удин рече дека по првата експлозија во складот за контејнери дошло до многу последователни експлозии, по што огнот се проширил на поголемо подрачје.

Очевидците и спасувачите рекоа дека пламенот избувнал во еден од контејнерите и бргу се проширил на останатите во складот во кој се наоѓаат повеќе од 1.000 контејнери.

Властите соопштија дека смртоносниот пожар предизвикал и огромни економски загуби, бидејќи се уништени контејнери со хемикалии и други материјали за главниот извозен сектор на бангладешката индустрија за облека.

Премиерката Шеик Хасина изрази сочувство поради трагичниот инцидент и вети отштета за семејствата на загинатите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın