свет

Голем пожар избувна во станбена зграда во Њујорк

Речиси 40 единици и 170 лица од противпожарната и итната медицинска помош се на терен

Efe Özkan  | 06.02.2025 - Обновена : 07.02.2025
Голем пожар избувна во станбена зграда во Њујорк Фото: Lokman Vural Elibol/АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Пожарникарите од Њујорк се борат со пожарот што избувна синоќа во станбена зграда во Харлем, јавува Анадолу.

Според Њујоршката противпожарна служба, првите екипи биле на местото на големиот пожар што избувна пред 21 часот по локално време во петкатна зграда, која наводно е напуштена, лоцирана на 139. улица помеѓу Авенијата Ленокс и Булеварот Пауел.

Речиси 40 единици и 170 лица од противпожарната и итната медицинска помош се на терен, а засега нема извештаи за повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.