свет

Грција: Во последните 24 часа избувнале 46 шумски пожари

- Во Грција во последните 24 часа избувнаа 46 шумски пожари поради топлотни бранови и силни ветрови

Ayhan Mehmet  | 17.07.2023 - Обновена : 18.07.2023
Грција: Во последните 24 часа избувнале 46 шумски пожари Фото: Илустрација / АА

КОМОТИНИ (АА) - Во Грција во последните 24 часа избувнаа 46 шумски пожари поради топлотни бранови и силни ветрови, јавува Анадолу.

Грчката противпожарна служба објави дека за следните неколку дена е издадено предупредување за „висок ризик од шумски пожари“ за многу региони во земјата.

Соопштено е дека во последните 24 часа избувнале 46 шумски пожари во различни региони на Грција, а голем дел од нив биле изгаснати пред да се прошират.

Тие истакнаа дека метеоролошките услови во регионот Атики, во кој е вклучен главниот град Атина, го зголемиле ризикот од шумски пожари.

Се очекува топлотниот бран во земјава да го достигне својот врв на 20 јули.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın