свет

Две деца во Шпанија починаа од мистериозен хепатит

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во земјата се откриени 46 случаи на хепатитис од непознато потекло.

Çağla Güngör  | 05.08.2022 - Обновена : 09.08.2022
Две деца во Шпанија починаа од мистериозен хепатит

АНКАРА (АА) - Во Шпанија за првпат починаа 2 деца поради вирусот на хепатитис (воспаление на црниот дроб) од непознато потекло, кој почна да се шири во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во земјата се откриени 46 случаи на хепатитис од непознато потекло.

Во соопштението се наведува дека во јуни починало 15-месечно бебе на кое му била извршена трансплантација на црн дроб, а во јули починало шестгодишно дете поради вирусот на хепатитис од непознато потекло.

Шпанија соопшти дека почнала внимателно да ја следи ситуацијата откако Велика Британија ја предупреди Светската здравствена организација (СЗО) со ненадејното зголемување на случаите.

СЗО соопшти дека до 8 јули имало вкупно 1.010 случаи на хепатитис во 35 земји, а 22 деца починале поради вирусот.

Вирусот на хепатитис од непознато потекло се појави во Велика Британија во април и за кратко време се прошири во многу земји. Забележан е кај деца на возраст од 1 месец до 16 години.

Вирусот има симптоми како што се жолтица, дијареа, повраќање и болки во стомакот.

Властите досега се фокусираа на можноста случаите на хепатитис да се предизвикани од Аденовирус или Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.