свет

Долината на Хунзите: Скриен рај на Земјата

Тиркизно-сината долина со прекрасни пејзажи, глечери на ридовите, смарагдно-зелената боја и реката Хунза што тече низ планините, е земја од бајките што го крунисува Пакистан

Ekipa  | 11.10.2022 - Обновена : 13.10.2022
Долината на Хунзите: Скриен рај на Земјата Фото: Muhammed Semih Uğurlu/АА

ПАКИСТАН (АА) - Долината Хунза, прекрасната планинска долина во северниот дел на регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан, често се нарекува „рај на Земјата“ обвиена во големите Хималаи и планинските венци Каракорам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тиркизно-сината долина со прекрасни пејзажи, глечери на ридовите, смарагдно-зелената боја и реката Хунза што тече низ планините, е земја од бајките што го крунисува Пакистан.

Сместено на север/запад од реката Хунза, дното на долината е на надморска височина од 2.500 метри.

Долината има природни пејзажи кои го одземаат здивот и кои се атракција за туристите.

Долината Хунза, до која може да се стигне по 13 часа возење од главниот град Исламабад, е опкружена со бројни врвови, меѓу кои се Ракапоши (7.788 метри), Бојахагур Дуанасир II (7.329 метри), врвот Хунза (6.270 метри) и врвот Дармјани (6.090 метри).

„Батура“, петтиот по големина глечер во светот, што е долг приближно 57 километри, исто така се наоѓа во горниот регион Хунза.

Покрај нејзината живописна убавина, туристите ја посетуваат оваа долина за да ги видат двете најпознати тврдини во долината, познати како тврдините Алтит и Балтит.

Тврдината Алтит во селото Алтит е изградена со одличен архитектонски дизајн на карпа од планината кај што тече реката Хунза.

800-годишната тврдина Балтит, изградена на врвот на Каримабад за контрола на трговијата на Патот на свилата меѓу Јужна и Централна Азија и за сместување на принцовите кои владееле со долината, е уште една прекрасна тврдина во долината Хунза.

Езерото Атабад што се наоѓа во регионот Гојал во долината, коешто се создаде при масовно лизгање на земјиштето во 2010 година, изгледа како од бајка. Неговите светло-сини тиркизни води го прават едно од најубавите места во Пакистан.

Езерото привлекува многу туристи и обезбедува многу туристички активности, вклучувајќи скијање на вода, риболов и пловење.

Резбите на карпата Халдеик (света карпа) на историскиот Пат на свилата се наоѓаат помеѓу езерото Атабад и селото Ганиш.

Светите карпи на Хунза, еден од најраните локалитети на петроглифи, се културно наследство во Гилгит-Балтистан, Пакистан. Резбите на карпите датираат од 1-виот милениум.

Карпата што е под заштита на пакистанските власти „водела евиденција“ за комерцијалната активност на оваа точка од Патот на свилата веќе 2.000 години.

Може да се види дел од историскиот Пат на свилата како тенка линија на планините додека се движите низ различни точки на долината.

Откако беше изграден Автопатот Каракорам, Патот на свилата е честа дестинација за локалното население и авантуристите.

Луѓето од долината Хунза наречени и Хунзакути, се познати по нивната гостопримливост и пријателство.

Туризмот е најважниот извор на приход за Хунзите. Секоја година 1,5-2 милиони луѓе, домашни и странски, го посетуваат регионот со над 60 илјади жители.

Поради оваа причина, градот Керимабад, кој е центар на долината Хунза, има многу продавници за сувенири, храна, облека и туристички агенции за туристите.

Стапката на писменост во долината е 90 отсто, при што секое дете има средно образование, а некои од нив продолжуваат и на студии.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın