свет

Европол: Зголемен бројот на терористичките напади во 2017

Европол информираше дека во 2017 година е забележан раст на бројот на терористички напади за 45 отсто во однос на претходните години, но во овие напади, бројот на загинати е за половина помал.

Abdullah Aşıran  | 21.06.2018 - Обновена : 22.06.2018
Европол: Зголемен бројот на терористичките напади во 2017

Hague

ХАГ (АА) - Европската полициска агенција (Европол) информираше дека во 2017 година е забележан раст на бројот на терористички напади за 45 отсто во однос на претходните години, но во овие напади, бројот на загинати е за половина помал, јавува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот на Европол под наслов „Извештај за трендот и состојбата на тероризмот во Европа за 2018 година“ се наведува дека во 2017, во земјите членки на ЕУ се спречени или биле изведени 205 терористички напади, во кои животот го загубиле 68 лица, а 844 се ранети.

Според извештајот, терористичките напади се изведени во 9 земји. Повеќето од половината напади, т.е. 107 се зивршени во Велика Британија, 54 во Франција, 16 во Шпанија, 14 во Италија, 8 во Грција, по два во Германија и Белгија, и по еден во Финска и Шведска.

Поради вмешаност во терористички активности, во 2017 година се приведени 975 лица. Забележано е дека од нив, 438 лица се на возраст од 20 - 25 години. Од приведените, 411 се фатени во Франција, 168 во Велика Британија, 91 во Шпанија, 58 во Германија, 50 во Белгија, 48 во Австрија, 39 во Италија, 35 во Холандија, 17 во Данска,15 во Грција, 14 во Бугарија, 11 во Ирска, 9 во Финска, по двајца во Унгарија, Полска и Романија, а по едно лице во Република Чешка, Португалија и Шведска.

Во извештајот на Европол се наведува „Европа продолжува да биде цел на терористички напади. Тероризмот претставува закана за целиот свет и човештвото. Затоа, потребно е заедно да продолжиме да работиме“.

Според видот на нападите, во извештајот се вели дека поголемиот дел од нив (67отсто од нив) се изведеи од страна на сепаратисти, 16 отсто од нападите се дело на лица поврзани со ДЕАШ, 12 отсто од припадници на левицата, 2 отсто од екстремната десница и 3 отсто од нападите се изведени од неидентификувани лица.

Во извештајот се нагласува дека бројката на напади на ДЕАШ, споредено со претходната година е зголемена за повеќе од половина, додавајќи дека нападите, воглавно се изведени од индивидуалци и на аматерски начин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.