свет

Едно лице загина, над 20 се повредени во судир на автобус и камион во Србија

- Градски автобус на линијата 551 и камион се судрија на Новиот обреновачки пат

Alma Dekovic  | 24.08.2024 - Обновена : 25.08.2024
Едно лице загина, над 20 се повредени во судир на автобус и камион во Србија

БЕЛГРАД (АА) - Едно лице загина, а повеќе од 20 патници се повредени во судир на автобус и камион утринава на Новиот обреновачки пат меѓу Остружница и Умка во Србија, известува Анадолу.

Како што објави РТС, во сообраќајката учествувале градски автобус на релација 551 и камион.

Во Ургентниот центар се пренесени шест лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.