свет

Ердоган: „Како да му свртиме грб на Ал Кудс, каде нашите предци владееле во мир“

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера рече дека вооружените сили на неговата земја чесно ги исполнуваат своите должности насекаде каде им биле доделени

Serdar Dincel  | 31.08.2024 - Обновена : 31.08.2024
Ердоган: „Како да му свртиме грб на Ал Кудс, каде нашите предци владееле во мир“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера повтори дека ќе застане на страна на Палестинците и нема да му сврти грб на Ал Кудс (Ерусалим), известува Анадолу.

„Како можеме да му свртиме грб на Ал Кудс (Ерусалим), каде што нашите предци владееле во мир, спокојство и благосостојба четири века? Како да замижиме пред земјата Палестина, каде што Гази Мустафа Кемал [Ататурк - основач на Република Туркије заб. на авт.] се борел за да го спречи противникот да стигне до него?“, рече Ердоган.

Претседателот на Туркије се обрати на церемонијата на доделување дипломи и примопредавање на знамето на Воената академија на Универзитетот за национална одбрана и одржа пригоден говор.

„Драги мои поручници, досега не дадовме, а нема ниту во иднина да им дадеме простор на оние кои се обидуваат да нѐ заробат. Во центарот на нашите размислувања ќе биде Туркије, но ќе ја задржиме нашата визија широка и ќе го опфатиме целиот свет“, рече Ердоган.

Нагласувајќи ја решителноста на Туркије во борбата против тероризмот, Ердоган продолжи со зборовите:

„Од Сирија до Северен Ирак и од Либија до Сомалија, нашите вооружени сили чесно ги исполнуваат своите должности насекаде каде што им се зададени.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.