свет

Ердоган најостро го осуди обидот за атентат врз Трамп

– „Верувам дека истрагата за нападот ќе биде спроведена на најефикасен начин, а сторителите и поттикнувачите ќе бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Kaan Bozdoğan  | 14.07.2024 - Обновена : 15.07.2024
Ердоган најостро го осуди обидот за атентат врз Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган најостро го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митингот во американската сојузна држава Пенсилванија , известува Анадолу.

„Најостро го осудувам обидот за атентат врз 45-тиот претседател на Соединетите Американски Држави и претседателски кандидат Доналд Трамп. Искрени желби за брзо закрепнување упатувам до г-дин Трамп, неговото семејство и најблиските. Верувам дека истрагата за нападот ќе се води на најефикасен начин, а сторителите и поттикнувачите ќе бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро, за да не фрлат сенка врз американските избори и глобалната стабилност“, порача претседателот Ердоган во објавата на социјалните мрежи.

Ердоган истакна и дека Република Туркије стои покрај пријателскиот и сојузнички народ на САД.

20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија се обиде да го убие поранешниот американски претседател и кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп.

Како што соопшти Федералното истражно биро (ФБИ), вооружениот напаѓач пукал кон републиканскиот претседателски кандидат Трамп додека тој држел говор на бина во Пенсилванија.

Трамп е полесно ранет во пределот на десното уво, а со интервенција на обезбедувањето бил оддалечен од бината.

Напаѓачот е неутрализиран, неговото тело е пронајдено недалеку од местото на нападот, во кој едно лице учесник на митингот е убиено, а уште две се тешко ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.