свет

Ердоган на саудискиот престолонаследник му го подари првиот турски автомобил „Тогг“

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера му го подари првиот турски електричен автомобил „Тогг“ на саудискиот принц Мохамед бин Салман

Mümin Altaş  | 18.07.2023 - Обновена : 21.07.2023
Ердоган на саудискиот престолонаследник му го подари првиот турски автомобил „Тогг“ Фото: Мурат Кула / АА

ЏЕДА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера му го подари првиот турски електричен автомобил „Тогг“ на саудискиот принц Мохамед бин Салман, јавува Анадолу.

За време на посетата на кралската палата Ал-Салам во Џеда, Ердоган и Бин Салман одржаа состанок, по што следуваше состанок на делегациите.

По разговорот, Ердоган на саудискиот престолонаследник му подари бел „Тогг Памуккале.“

Двајцата лидери заедно го разгледаа возилото во дворот на палатата.

По завршувањето на посетата, Ердоган се врати во својот хотел со „Тогг“, управуван од Бин Салман.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.