свет

ЕУ со апел до српските и косовските лидери за да не се зголемат тензиите

- „Провоцирачките изјави на функционерите на Косово и Србија дадени во последно време, особено во врска со војна и конфликт на Западниот Балкан, претставуваат голема загриженост“, се вели во соопштението на Канцеларијата на Жозеп Борел.

Ömer Tuğrul Çam  | 14.08.2022 - Обновена : 15.08.2022
ЕУ со апел до српските и косовските лидери за да не се зголемат тензиите

Брисел

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) побара од косовските и српските лидери да ги одбегнуваат изјавите што ги зголемуваат тензиите, вклучувајќи ја и можноста за конфликт на Западен Балкан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Провоцирачките изјави на функционерите на Косово и Србија дадени во последно време, особено во врска со војна и конфликт на Западниот Балкан, претставуваат голема загриженост“, се вели во соопштението на Канцеларијата на Жозеп Борел, високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на ЕУ.

Во ова соопштение се наведува дека политичарите од двете страни ќе се сметаат за одговорни за настаните што ќе бидат причина за зголемување на насилството и тензиите во регионот.

„Двете страни веднаш треба да стават крај на меѓусебното непријателство и на опасните изјави, и да се однесуваат одговорно“, се вели во соопштението.

Како што се истакнува во соопштението, Србија и Косово може да разговараат за сите прашања во рамки на процесот на дијалогот за нормализирање на односите, што се одвива под покровителство на ЕУ.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın