свет

Загадувањето на воздухот убива над 500.000 Европјани годишно

Иако податоците за подобрување на квалитетот на воздухот се охрабрувачки, се наведува дека загадениот воздух и понатаму е водечка причина за предвремена смрт, поврзана со околината

Alma Çekovic  | 12.10.2017 - Обновена : 13.10.2017
Загадувањето на воздухот убива над 500.000 Европјани годишно

Copenhagen

КОПЕНХАГЕН (АА) - Загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од 500.000 случаи на предвремена смрт во Европа, без оглед на малото подобрување на квалитетот, соопшти вчера Европската агенција за околината (EEA) во својот годишен извештај, пренесува Anadolu Agency (AA).

Иако податоците за подобрување на квалитетот на воздухот се охрабрувачки, агенцијата со седиште во Копенхаген наведува дека загадениот воздух и понатаму е водечка причина за предвремена смрт, поврзана со околината.

EEA во последниот извештај наведува дека во 2014 година, 520.400 случаи на предвремена смрт во 41 европска земја се предизвикани од загадувачи на воздухот кои потекнуваат од палење на фосилни горива, што во однос на 2013 е помалку за околу 30.000.

Од тоа, четири од пет смртни случаи (428.000) се директно поврзани со присуството на PM2,5 честички во воздухот, на кои е изложено дури 82 отсто од урбаното население во ЕУ.

„Европската комисија е посветена на решавањето на проблемите и на помагањето на државите-членки за квалитетот на воздухот што го вдишувааат нивните граѓани да одговора на највисоките стандарди“, се наведува во соопштението на Кармену Вела, европски комесар за околина, поморски работи и рибарство, пренесува порталот „The Local“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın