свет

Замокот Мон Сен-Мишел - Еден од највпечатливите симболи на Франција

- Мон Сен-Мишел, култен симбол на Нормандија, е средновековен бисер што го отелотворува богатото наследство на регионот. Се наоѓа на врвот на карпест остров и претставува траен симбол на духовната и културната историја на Франција.

Aida Cako  | 18.10.2024 - Обновена : 18.10.2024
Замокот Мон Сен-Мишел - Еден од највпечатливите симболи на Франција Фото: АА

ПАРИЗ (АА) - Еден од најспектакуларните замоци во светот се наоѓа во францускиот регион Нормандија, јавува Анадолу.

Мон Сен-Мишел, култен симбол на Нормандија, е средновековен бисер што го отелотворува богатото наследство на регионот.

Оваа величествена опатија, која се наоѓа на врвот на карпестиот остров, претставува траен знак на духовната и културната историја на Франција.

Во 709 година Мон Сен-Мишел бил изграден како мала црква, а подоцна станал влијателен манастир и значаен центар на христијанското богослужение на западот во текот на 12 и 13 век.

Неговата историја и архитектура оставиле длабока трага, а во 1979 година Мон Сен-Мишел беше ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Ова место не е уникатно само по архитектурата и духовната важност, туку и по природниот феномен што го опкружува.

За време на прилив Мон Сен-Мишел се претвора во остров, создавајќи една од најимпресивните визуелни трансформации. Всушност, тоа е едно од местата каде што приливот е највидлив во светот, веднаш по Канада, сместено на бреговите на Ла Манш.

Мон Сен-Мишел е една од најпосетуваните туристички атракции во Франција надвор од Париз. Секоја година доаѓаат милиони посетители за да го видат ова извонредно дело на средновековната архитектура.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.