Затворени плажите на стровот Сентос по бродската несреќа во Сингапур
- Островот Сентос е популарна и позната туристичка дестинација во Сингапур
АНКАРА (АА) - Властите во Сингапур ги затворија плажите на сотровот Сентос на јужниот брег по изливањето на нафта предизвикано од бродска несреќа, објавија денес официјалните лица и локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Поморската и пристанишната управа на Сингапур објави дека брегот на паркот „East Coast“ и природниот резерват „Labrador - Jetty and Rocky Shore“ се затворени, додека Сентос, Тнџонг, Палаван и Силосо Бич остануваат отворени за јавноста, но активности во морето и капењето не се дозволени.
Излевањето на нафтата на терминалот Пасир Панџанг е предизвикано во петокот кога бродски багер под холандско знаме удрил во брод танкер за нафта кој пловел под знамето на Сингапур.
Островот Сентос е популарна и позната туристичка дестинација во Сингапур.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.