свет

Зеленски: Украинските војници напредуваат во рускиот регион Курск

„Ние напредуваме во регионот Курск, меѓу еден и два километра во различни сектори од почетокот на денот. Исто така, во тој период заробени се над 100 руски војници...“

Elena Teslova  | 14.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Зеленски: Украинските војници напредуваат во рускиот регион Курск

МОСКВА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека украинските сили напредуваат во рускиот регион Курск, пренесува Анадолу.

Зеленски на Телеграм истакна дека главниот командант на Украина му рапортирал за напредок од „еден до два километра“ во различни области од почетокот на денот.

„Ние напредуваме во регионот Курск, меѓу еден и два километра во различни сектори од почетокот на денот. Исто така, во тој период заробени се над 100 руски војници. Благодарен сум им на сите што се вклучени во ова“, рече украинскиот претседател.

Гувернерот на руската област Белгород, пак, преку Телеграм објави дека е прогласена федерална вонредна состојба поради тековните борби во соседниот регион Курск.

Во посебно соопштение руското Министерство за надворешни работи истакна дека акциите на Украина во регионот Курск ги поткопуваат изгледите за мирно решавање на конфликтот.

Инвазијата започна ноќта меѓу 5 и 6 август откако украинските трупи влегоа во рускиот регион Курск во близина на градот Суџа.

На 12 август Зеленски потврди дека упадот бил украинска воена операција, иако не елаборираше за нејзините цели.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди упадот, означувајќи го како „терористички напад“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın